News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 10, 2024

Охрид, 10. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат интензивните градежни активности на градилиштето во близина на селото Мешеишта каде се гради новата 400/110 kV трансформаторска станица Охрид.

На површина од 80.000 метри квадратни се изведуваат потпорни ѕидови и наклони, се гради командната зграда на станицата, се работи на изведба на фундаменти за монтирање на челични носачи на опрема во 400 kV постројка. Стабилните временски услови овозможуваат компанијата изведувач да работи согласно планираниот динамички план.

– Станува збор за важен инфраструктурен проект и за државата и за регионот. Со проектот се заокружува електроенергетското поврзување со сите наши соседи, се овозможува поголема сигурност, стабилност и доверливост на нашиот електроенергетски систем, но и вклучување во сите регионални иницијативи за размена на енергија како и учество на пазарите на балансните и системски услуги, информираат од МЕПСО.

Проектот за интерконективно поврзување со соседна Албанија е најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа. Опфаќа две компоненти а тоа се 400 kV далекувод ТС Битола 2-албанска граница и изградба на ТС Охрид која ќе има 400 kV влез и излез, и три излеза на 110 kV ниво кон Охрид, Струга и Ресен. (Крај)

извор: mepso.com.mk фото: mepso.com.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука