Дебрца, 15. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти август на спортскиот полигон во селото Мешеишта ќе се одржува Интернационалниот фоклорен фестивал „Денови на Дебрца”.
Ќе настапат: КУД „Дебрца“ од Дебрца, КУД „Младост“ од Кичево, женска вокална грипа за автентичен фолклор од Бугарија, детски фолклорен ансамбл од Словачка, ансамбл на фолклорни песни и танци од Бугарија, фолклорен ансамбл од регион Браила, Романија. Почетокот на фестивалот е во 20:00 часот.
Манифестацијата „Денови на Дебрца“ ќе трае од 18-ти до 22-ри август. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29