Интерпол распиша потерница за водачот на Лев Тахор кој престојуваше и во охридското село Горно Лакочереј
декември 29, 2024

Скопје/Охрид, 29. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународната полициска организација Интерпол распиша потерница по водачот на сектата Лев Тахор, 23-годишниот Џонатан Емануел Кардон Кастиљо.

– Кастиљо е баран од полицијата во Гватемала под обвиненија кои вклучуваат трговија со луѓе, силување и злоупотреба на малолетници, се вели во потерницата на Интерпол, јави 4news.mk.

Околу триесет членови на екстремната еврејска секта Лев Тахор останаа во Босна и Херцеговина на крајот на 2021 и почетокот на 2022 година. Дел од нив живееле и во Република Македонија.

Истиот период во Македонија беа забележани членови на оваа група во Куманово. Дел од групата беше сместена во хотел во охридското село Горно Лакочереј. При пристигнувањето во земјава прво престојуваа во Куманово, од каде со полициско обезбедување се преместија во хотел Скопје. (Крај)

извор: 4news.mk фото: 4news.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука