Милано, 5. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Интер ќе се обиде да ја убеди екипата на Рома да им го продаде холандскиот интернационалец Кевин Стротман.
Според пишувањето на „Газета дело Спорт“, Интер нуди 40 милиони евра за да ги откупи правата на 27-годишниот фудбалер.Првите луѓе на Интер веќе се сретнале и со агентот на фудбалерот, кој се согласил да се преговара за трансфер.
Доколку Рома ја прифати понудата на „нероаѕурите“, Стротман наредната сезона би можел да заработува и по 5 милиони евра. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25