Милано, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Интер има големи планови за следната сезона и веќе работи на новите засилувања, а италијанските медиуми тврдат дека на „Џузепе Меаца“ ќе пристигнат неколку големи имиња.
Станува збор за десниот бек на Монако, Фабињо како и за ѕвездата на Реал Мадрид, Хамес Родригез, играчи кои ги застапува агентот Жорге Мендеш.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Интер ги сака двајцата фудбалери и за нив ќе мора да издвои нешто повеќе од 90 милиони евра. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19