април 4, 2017

Милaно, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Сампдорија, синоќа со пресврт, славеше на „Џузепе Меаца“ против Интер со 2-1, во последниот натпревар од 30.коло во Серија А.

Фудбалерите на Сампдорија, сезонава два пати славеа во Милано, по победата над екипата на Милан, фудбалерите од Џенова го победија и Интер, што е прва гостинска победа над овој клуб уште од 15.декември 1996 година.

Интер синоќа го претрпе деветтиот пораз во сезоната и сега се наоѓа на шестата позиција со три бода помалку од Аталанта, додека Сампдорија е на деветтото место со 44 бодови. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука