Милано, 8. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Интер оваа зима ќе прави чистка во тимот и на неколку фудбалери ќе има ја покаже излезната врата бидејќи не се во плановите на тренерот Пиоли.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Аталанта веќе преговара со Родриго Паласио и тој би требало да се пресели во Бергамо оваа зима и таму ќе ја обнови соработката со неговиот поранешен тренер Гасперини.
Филипе Мело добил дозвола да преговара со Палмериас,а за Стеван Јоветиќ интерес покажуваат Фиорентина и Севиља. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14