Милано, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Интер успеа да обезбеди пласман во 1/4 финалето на Купот на Италија, откако синоќа на домашен терен ја победи Болоња со 3-2, дури по продолженијата.
Домаќините поведоа со фантастичниот гол на Џејсон Мурилјо, Родриго Паласио зголеми на 2-0, а Блерим Џемаили и Годфред Донсах успеаа да израмнат и да го однесат мечот во продолженија.Стрелец на победничкиот гол во 98.минута од средбата беше Антонио Кандрева.
„Нероазурите“ во четвртфиналето го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Лацио и Џенова. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18