Милано, 14. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Откако раководството на клубот одобри зголемен буџет по кинеските инвестиции,италијанскиот калчолигаш Интер ќе се обиде значително да го засили својот тим во летниот преоден рок.
Приоритет е да се засили одбраната и средниот ред, а освен Стефан Де Вриј од Лацио, „нероаѕурите“ сакаат да го доведат и Кевин Стротман од Рома.
Според италијанските медиуми, Интер е подготвен да плати околу 22 милиони евра за Стротман, на кого договорот со Рома му истекува во јуни 2018 година. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16