News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 9, 2024

Охрид, 9. ноември 2024 (OhridPress) – Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ денеска организираше информативен настан во центарот на Охрид, на кој уште еднаш потсетија на штетноста од нестандардните депонии и со проблемот на третманот и депонирањето на комуналниот отпад. 

Охриѓани побараа итно решавање на проблемот со депонијата „Буково“ и нејзино затворање. Од надлежните очекуваат да ги отпочнат процесите за изградба на регионалната депонија во Новаци, како и санација и затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“. Од иницијативата „Збогум Буково“ велат дека нивна визија е „Буково“ да биде место за пикник за идните генерации, наместо извор на загадување и срам за нашата генерација.

Екипа на OhridPress денеска направи обиколка до депонијата, при што е забележан чад на неколку места. Вака изгледаше депонијата денес:

Иницијативата „Збогум Буково“ досега е поддржана од над 50 организации, месни заедници и голем број на граѓани. Неодамна јавно побараа од Општина Охрид и општините од Југозападниот плански регион најитно да се договорат и вклучат во регионалниот систем за управување со отпад, да се надминат сите административни бариери и да се отвори регионалната депонија во Новаци, со цел да се заштити здравјето на над 50.000 граѓани на општината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука