Струга, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Американско катче Струга, ќе се организира Информативна сесија за Проектот на УСАИД за граѓанско учество (CEP).
Настанот е со почеток во 14 часот.
CEP е петгодишна иницијатива финансирана од Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД), спроведувана од Ист Вест Менаџмент Институт (EWMI), Inc.
Утре во Струга ќе се промовираат две програми: LEAD MK и програмата YES. LEAD MK е нова програма, дизајнирана за младите од Македонија, со цел поттикнување на нивните вештини и знаења за вклучување во проекти кои се во интерес на заедницата. Право на учество имаат млади од 18 до 25 години.
По утрешната презентација, младите ќе имаат можност до 25-ти јануари да аплицираат со свои проекти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива