Охрид, 1. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“ се правеа финалните подготовки за утрешното полуфинале на Ohrid SUPERSTAR.
Организаторите ги информираат посетителите дека билетите се посебно обележани со жиг и утре исто така ќе можат да се купат и на влезот во Домот на култура „Григор Прличев“ непосредно пред започнувањето на настанот.
– Цената на билетите е иста како во претпродажба. Билетите се оставаат во посебно обележана кутија на самиот влез, откако ќе го заокружите името на вашиот фаворит. Во посебно обележаната кутија ЕДНО ЛИЦЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ВНЕСЕ САМО ЕДЕН БИЛЕТ. Сето тоа ќе биде контролирано од обезбедувањето на настанот, информираат организаторите.
Настанот за публиката официјално започнува во 11:00 часот.
– Се гледаме утре на полуфиналето на Ohrid SUPERSTAR, повикуваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес