Охрид, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, утре во Охрид ќе го организира Инфо ден.
На настанот ќе присуствуваат претставници од основните и средни училишта, како и претставници на Општина Охрид.
Се работи за водечка програма за образование, обука млади и спорт на Европско ниво, а го опфаќа целосниот образовен систем на Република Македонија како и сегментот млади и младински активности.
Настанот е со цел зголемување на вклученоста на бизнис заедницата, а предвидени се и информативни работилници во насока на подигање на свесноста во овој образовен сегмент.
Националната агенција ќе се вклучи во имплементација на уште четири европски иницијативи, мрежите Еуродеск, Еквет, Еурогајденс и целосна имплементација на Е-твининг.
Инфо денот ќе се одржи утре во просториите на Општина Охрид, со почеток во 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива