Белчишта, 11. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на општина Дебрца, утре, 12-ти декември, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи инфо сесија за ЕУ ИПА 2020 проекти.
– Сесијата ќе ја водат консултанти ангажирани од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија. Целта на состанокот е да се слушнат најразчични идеи и мислење од различни целни групи, за финансирање на нови иновативни проекти кои ќе бидат финансиранин од ЕУ. Општина Дебрца ги поканува сите НВО, месни заедници, граѓански форуми, здруженија, приватни компании и останати лица кои се заинтересирани со своите идеи да допринесат за развој на идните проекти во општина Дебрца, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29