Охрид, 21. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Првиот човек на Охрид Никола Бакрачески синоќа бил дел од вербален инцидент, кој малку фалело да прерасне и во физичка пресметка по затворањето на фестивалот „Охридско лето“.
Инцидентот започнал откако Бакрачески прво имал вербална расправија со Сашко Коцев, еден од актерите во претставата „Ничија земја“, по што малку фалело инцидентот да ескалира и во физичка пресметка.
Коцев денес за Супер радио го потврди инцидентот, но не сакаше дополнително да го коментира.
Неофицијално дознаваме дека инцидентот бил пријавен и во СВР Охрид.
Супер радио и OhridPress побараа одговор и од другата страна, преку официјален допис до Општина Охрид. До овој момент немаме официјален став. Истиот ќе биде објавен веднаш откако ќе пристигне до нашата редакција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива