Охрид/Струга, 16. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Исечени се бројни дрвја во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“, на стариот пат Охрид-Струга, јави порталот Охрид 1.
Според фотографиите и видеото кое го објави порталот, станува збор за потег од неколку стотини метри, во кој се исечени стеблата.
На овој потег подолг период наназад, на повеќе места се врши буквално тампонирање на брегот на езерото, а во повеќе наврати е регистрирано и сечење и уништување на појасот со трска.
извор/фото/видео: Охрид 1
Прочитано: 32