Кабул, 03. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Екстремистичката група “Исламска држава” киднапираше американка, која ја држи во заробеништво.
Ова го соопшти лично претседателот Барак Обама во интервју за NBC.
– Да, имаме информации дека терористите киднапирале наша сонародничка. Ние правиме максимални напори за да ја ослободиме, Обама не даде детали за идентитетот на жената.
Минатата недела “Исламска држава” егзекутираше двајца јапонски заложници и покрај интензивните преговори со Токио. Џихадистите побараа 200 милиони долари откуп за киднапираните. (Крај)
извор: ОхридПрес/NBC фото: архива
Прочитано: 20