Багдад, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Радикалната група “Исламска држава” тврди дека уапсила израелски арап, кој се претставил како странски борец за да шпионира за израелската разузнавачка служба Мосад, пријави Jpost.com.
Во исто време, од Ерусалим негираат дека имаат врска со него.
Во заробеништво, според “Исламска држава” е 19-годишниот Мухамед Мусалам. Тој се бил имплементиран во радикалната група, за да шпионира за скривниците за оружје.
Семејството на момчето негираше дека тој е шпион. Од израелските служби за безбедност, пак изјавија дека Мухамед тргнал по своја иницијатива и нема ништо заедничко со Мосад. (Крај)
извор: ОхридПрес/Ројтерс фото: архива
Прочитано: 21