Охрид, 24. октомври 2014 (ОхридПрес) – Освен најавата за добра рок свирка утревечер во кафе бар„Shilla“, викенд програмата се дополнува со уште еден настан.
Вечерва во „Shilla“ ќе се одржи староградска вечер со ансамбл „Билјана“. Членовите на групата ќе се погрижат за добрата атмосфера со одбрана староградска музика, продолжувајќи ја традицијата на некогашните охридски староградски тајфи.
Додека утре, за сите љубители на рок свирките, ќе настапуваат прилепчаните „The Hounds“. Бендот има и нова авторска тема, „Кај ни се срцата“, а охридската публика, која е често дел од нивните настапи, се надева дека ќе имаат можност да ја слушнат темата утревечер во живо.
Поради големиот интерес кај публиката за настаните, пожелно е да се направат резервации. (Крај/М.М.)
извор: Супер радио фото: архива