февруари 16, 2017

Скопје/Охрид, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи ги информира сите граѓани од републикава, дека согласно одредбите од Законот за оружјето, рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје истекува на 12-ти април.

До наведениот рок граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена.

Рокот за замена се однесува на дозволите за поседување и носење на оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје. Барањето треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука