Охрид, 25. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Втора недела кампања во пресрет на вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 31-ви октомври.
Вечерва на полноќ истекува рокот за пријавување за гласање на лицата позитивни на COVID-19 или со определена мерка за самоизолација. Овие лица, заедно со болните и немоќни гласачкото право ќе го остварат ден пред изборите, односно в сабота.
Втор круг ќе има во 44 општини, меѓу кои се и Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. Кандидатите за градоначалници ги интензивираа непосредните средби со граѓаните, убедувајќи дека тие се вистинскиот избор.
Охриѓани ќе избираат меѓу Константин Георгиески од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ и Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Во Струга изборната битка е меѓу Рамиз Мерко од ДУИ и Идри Истрефи од Алијанса и Алтернатива, во Дебрца меѓу Игор Крцовски од СДСМ и Зоран Ногачевски – независен, а во Вевчани помеѓу Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Јанкоски СДСМ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива