Охрид, 18. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска истекува предвидениот рок за увид во Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори.
Листите на кандидати за претседател на Република Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19-ти март, до 24:00 часот. Проверката граѓаните ја прават и електронски преку веб страната на ДИК и исто така можат да поднесат и барања.
Потребните потписи за претседател ги собраа актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ, Гордана Силјановска- Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција „Вреди“, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ – За наша Македонија и Билјана Ванковска- Цветковска од Левица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес