март 18, 2017

Базел, 18. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од страна на светската ракометна федерација играч на ПСЖ, Никола Карабатиќ и романката која настапува во Будуќност, Кристина Неагу се прогласени за најдобри во 2016 година.

Карабатиќ и Неагу станаа единствени во ракометниот свет бидејќи по трет пат во своите кариери се избрани за најдобри во светот.

Карабатиќ беше најдобар во 2007 и 2014 година, а Неагу во 2010 и 2015 година. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука