Базел, 24. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според соопштението на меѓународната ракометна федерација клубовите што имаат ракометари на СП во Катар ќе добијат парична компензација за ангажманот на нивните играчи на мундијалот.
Според ИХФ по 400 швајцарски франци на ден ќе земе секој ракометар чија репрезентација ќе се пласира на првите четири места, додека останатите ќе добијат помалку.
Ракометните федерации на селекциите што учествуваат на мундијалот ќе добијат по 25.000 швајцарски франци. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива