Скопје, 7. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против Covid-19 се препорачува за трудници. Вакцината може да заштити од сериозни (тешки) компликации од вирусот, а здравата мајка е важна за здраво бебе, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Сите кои имаат 18 години и се постари од 18, вклучително и оние кои се бремени, кои дојат, се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина, треба да бидат целосно вакцинирани.
Ако жената забремени откако ја добила првата вакцина против Covid-19, а се потребни две дози (т.е.,Pfizer-BioN Tech вакцина за Covid-19 или вакцина Moderna за Covid-19), треба да ја прими втората вакцина за да добие што е можно поголема заштита.
Пред вакцинација во бременоста се препорачува задолжителна консултација со матичниот гинеколог во врска со процената на возраст на пациентката, потоа гестациската старост на плодот и секако претходни индивидуални здравствени состојби, ризици и заболувања.
Потребно е да се знае дека бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Covid-19 (со последици) во споредба со останатите жени кои не се бремени, вакцинацијата може да заштити од тешки заболувања кои може да ги предизвика вирусот и се препорачува на жени кои планираат да забременат во иднина, се бремени или пак се доилки, бремените жени можат да примат бустер доза, доказите за безбедност и ефективност на вакцината против Covid-19 за време на бременоста растат, а во моментов нема докази дека која било вакцина, вклучувајќи ја и вакцината против Covid-19, предизвикуваат проблеми со плодноста кај жените или мажите.
Анти ковид вакцините не предизвикуваат инфекција со вирусот кај луѓето, вклучувајќи ги бремените жени и нивните бебиња.
Раните податоци за безбедноста на примањето на вакцина против mRNA (Moderna или Pfizer-BioNTech) за време на бременоста се смирувачки. Податоците од системите за следење на безбедност не откриваат никакви грижи и сомнежи за жени кои примиле вакцина против mRNA Covid-19 доцна во бременоста или за нивните бебиња. Научниците не откриле зголемен ризик за спонтан абортус кај жените кои примиле вакцина против mRNA Covid-19 непоосредно пред и за време на раната бременост (пред 20 -та недела од бременоста).
Вакцинацијата за време на бременоста создава антитела кои би можеле да го штитат бебето. Кога бремените жени примаат вакцина против Covid-19, нивното тело создава антитела слично како и кај луѓето кои не се бремени. Антителата создадени откако бремената личност примила вакцина против mRNA Covid-19 биле пронајдени во крвта од папочната врвца. Ова значи дека вакцинацијата против Covid-19 за време на бременоста може да помогне во заштита на новороденчињата од Covid-19. Потребни се повеќе податоци да се утврди како овие антитела, слични на оние произведени и од други вакцини можат да обезбедат заштита на бебето.
Некои луѓе имаат несакани ефекти од вакцината, што се нормални знаци дека нивното тело гради заштита. Овие несакани ефекти можат да влијаат на нивната способност да вршат секојдневни активности, но тие треба да исчезнат за неколку дена. Вообичаени ефекти се болка, црвенило, оток, замор, главоболка, мускулна болка, треска и гадење. Тешки алергиски реакции по вакцинацијата со Covid-19 се ретки, речиси и да ги нема. Секој што имал тешка алергиска реакција откако примил вакцина против Covid-19 не треба да добие друга доза од која било од вакцините mRNA Covid-19 („Модерна“ или „Фајзер“). (Крај)
извор: ИЈЗ фото: архива