News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 26, 2024

Скопје/Охрид, 26. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 18-ти до 24-ти ноември 2024 година, регистрирани сe 4 нови позитивни случаи на Covid-19, за 2 случаи повеќе во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Во тековната недела, регистрирани се заболени лица од Скопје 3 и еден во Охрид. Со статус „оздравени“ се стекнале 5 лица. Во текот на минатата недела не се регистрирани починати лица асоцирани со Covid-19, стои во извештајот.

Годинава, заклучно со 24-ти ноември регистрирани се вкупно 1.743 заболени лица. Во месец октомври 2024 се регистрира намалување од 80,6% во споредба на претходниот месец.

Со оглед на тоа дека почнува периодот на зголемена циркулација на респираторни вируси во северната хемисфера, постои ризик активноста на SARS-CoV-2 да се зголемува, што ја нагласува континуираната потреба од надзор (епидемиолошки и вирусолошки) на национално и регионално ниво. (Крај)

извор:ИЈЗ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука