ноември 8, 2024

Скопје, 8. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) отвори телефонска линија, на која стручни лица ќе нудат совети и стратегии за успешно одвикнување од пушење.

– Ако сакате да го оставите пушењето, ние сме тука да Ви помогнеме! Квалификувани стручни лица ќе ви понудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето. Линијата ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11:00 до 13:00 часот. Јавете се на: 078 285 873, порачуваат од ИЈЗ.

Употребата на тутун во Република Македонија е многу висока. Според последните истражувања на Институтот бројот на активни пушачи изнесува 45.4%, со многу низок процент на луѓе (5%) кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години.

Според последните истражувања процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот кои имаат најголеми стапки на население кои се активни пушачи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука