Охрид, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 19 јануари – Богојавление, во рамките на чествувањата по повод празникот, годинава по 7-ми пат ќе има групно крштевање на православните верници на Сараиште.
Настанот ќе биде со почеток во 12:00 часот.
Овој чин веќе прераснува во традиција и радува интересот кај верниците, кој секоја година се зголемува.
Во изминатите години на овој чин, освен од Охрид, учествувале верници и од други градови од републикава.
Оваа практика беше востановена од 2011 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27