март 9, 2015

Охрид, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Голем број Македонки, меѓу кои и охриѓанки што живеат и работат во Велика Британија, го одбележаа Осми март, Меѓународниот ден на жената со хуманитарна забава преку која донираа за луѓето кои настрадаа во поплавените региони во Македонија.

– Осмомартовската прослава е традиционална и секоја година се одржува во македонскиот ресторан „Вардар“ во Литл Хамптон. Овојпат решивме нашата средба да има хуманитарен карактер и да им помогнеме на нашите роднини и пријатели кои настрадаа во поплавите во Македонија. Присуствуваа околу 200 луѓе, Македонци, но и други наши пријатели кои живеат во Англија, а доаѓаат од соседните земји на Македонија, вели за Супер радио, охриѓанката Елизабета Боуман која живее и работи во Англија.

london1

Како што појаснува таа, собраните средства од донациите на гостите, но и од богатат лотарија, ќе бидат уплатени директно на жиро-сметката на поплавените во Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука