Охрид, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ најавуваат аукција на предмети од познати личности од Македонија, кои се хуманисти и љубители на животните.
Меѓу активистите е и охридската уметничка Ели Аиноска и познатата македонска актерка со охридско потекло, Ирена Ристиќ.
Тие ќе издвои свој драг, препознатлив личен предмет/дело кој ќе биде изложен на аукција.
Останатите познати личности кои се дел од акцијата се спортисти, музичари, литературни дејци, актери, водители. Меѓу нив се: Перо Антиќ, Дарко Панчев, Јордан Симонов, Рубенс Муратовски, Вера Јанковиќ, Марко Новески, Тони Зен, Здријана Јаневска и многу други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29