И Струга се подготвува за одбележување на Богојавление Водици
јануари 15, 2025

Струга, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Празникот Богојавление Водици ќе се одбележи и во соседна Струга, каде подготовките се во тек.

Светиот крст во водите на реката Црн Дрим за првпат како и во Охрид ќе го положи Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан, кој ќе ја води свечената литургија.

Богослужбата во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“ ќе започне во 07:00 часот, а оттаму ќе тргне поворката кон Чаршискиот мост од каде во 11:00 часот ќе се изврши чинот на осветување на водите.

За безбедноста на капачите и сите присутни и годинава ќе се погрижат волонтерите на Црвени крст Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука