Охрид, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според еколозите и активистите за животна средина, одложувањето и депонирањето на кабаст отпад е најголемиот проблем за околината.
Повремено се организираат акции, кога во одделни населби, приградски места или селски заедници, се врши подигнување на овој вид отпад, но дел од овој вид на отпад, за жал, и понатаму завршува на дивите депонии.
Утре, 5-ти април, ќе се организира акција за подигнување на кабаст отпад во селата Елшани и Коњско. Жителите кои имаат душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и друг вид отпад, можат да го депонираат навремено, со цел комуналните служби да можат да го депонираат на соодветно место.
Жителите кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно треба да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација”, со наведување на локацијата.
Според последните еколошки акции на „Чист Охрид“, огромни количини на кабаст отпад стои на патот кај Рамне. Исто така, ваков отпад е депониран кај населбата Далјан. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива