септември 13, 2023

Охрид, 13. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти септември 2023 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот на подрачјето на СВР Охрид, при преземени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 39 пешаци кои извршиле небезбедно минување на коловоз.

– Регистрирани се 14 лица во Охрид, 15 во Струга, 7 во Кичево и 3 во Дебар кои преминале улица надвор од обележан пешачки премин. Против нив се поднесени соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука