Охрид, 8. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми и 8-ми октомври 2023 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид се извршени засилени сообраќајни контрoли.
– Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 7 во Охрид, 1 во Струга и 2 во Кичево. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 30