Охрид, 23. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Иако е рано за сумирање на бројките и оствареното, повеќе од јасно е дека Охрид зад себе полека остава една од најуспешните сезони, подолг период наназад.
Се враќаат високите температури и градот се’ уште е солидно исполнет со гости.
Сега полека но сигурно доаѓа време за сериозна анализа, за дефинирање на идеалната таргет група, вистинските цени со кои ќе бидат задоволни и туристичките работници и гостите, подобрување на хигиената, барање „противотров“ за „отровот“ со приватните станови, средување на културно-забавниот живот и уште неколку важни фактори за преубавиот Охрид конечно да си го најде своето вистинско место под туристичкото Сонце. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 37