февруари 11, 2017

Охрид, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Секое време има свои убавини и свои предности. Многу работи денеска во Охрид од времето на овој редок документарец направен во далечната 1954 година, се поразлични.

Ретката снимка од тоа време објавена на порталот emagazin.mk покажува една сосема друга слика за градот и Охридското Езеро, за разлика од денешните дебати за иднината на нашата најпозната туристичка дестинација, кои најчесто се поврзани со урбанизација на езерото, предупредувања за еколошка катастрофа, а пред неколку дена и намалувањето на нивото на водата.
извор: emagazin.mk фото: emagazin.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука