Охрид, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – За тоа како се славеше некогаш во Охрид големиот православен празник посветен на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) и за многу други интересни моменти поврзани со одбележуавњето, охриѓанецот Ѓорги Љатко објави интересен текст во популарната Facebook група „Муабети од Охрид и околината.“
Како беше за Богоројца?
Ко денеска еден ден пред празникот одев со баба ми во Богоројца Каменско. Таму имаше вечерна служба спроти денот. Се носеше проскура, чејнца, вино и пет лебој месени со бело брашно кои се викаја пендијартоси.
На самиот ден се одеше пак црков. Најинтересно за нас деца беше времето пред ручек ко ќе го чекавме попот да дојт да пејт. На гости идаја тетка ми од Канео со брачедите. Се беревме соси нас шест деца. Сите викаја по нас да не напрајме беља з’ш ко ќе дојт попот морат да е све како требит. Во постот се ладеше карпузот, а жените внимаваја да не го извајме и пресечиме.
Дури не дојдеше попот не се почвеше со јадејне. М’жите пијаја ракија со мезе патлиџан, крастајца собрани од бавча. Некое време некој од децата ќе привикавме на мајтап:
– Идат попот!
Жените на брзина ќе ги прибереја масите да се чисти и ќе остаеја проскурата, вода и виното. Ко ќе видеја дека немат никој ќе почнеше викајне по децата (ги прекинале м’жите во пијајнето).
Обично идаше поп Коста Муло од Кошишча. Беше строг и ко деца имавме страв од него. Најинтересен момент за децава беше кога ќе се пееше Вангелје. Нас деца не клаваја под мантија дури се пееше и никој не смееше да речит збор. По некое време ќе почневме со смеејне. На крај ко ќе си одеше попот некое од поголемите деца ќе јадеја ќотек за смеејнето дури бил попот.
Памтам дека поп Коста никогаш не останвеше за ручек иако к’ј нас беше последна куќа за пеејне. Ќе го почестеја слатко во поте и вода и одма сјодвеше. После ручекот се почвеше песна а главен беше тетин ми Стефо Масло.
Вечерта идаја роднините од дедо ми и баба ми за денот.
извор: Ѓорги Љатко/Муабети од Охрид и околината фото: ОхридПрес