News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 16, 2024

Охрид, 16. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани го прославуваат денешниот ден во чест на Свети великомаченик Георгиј.

На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23-ти април.

Пред смртта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи.

Во времето на царот Константин, во Лида, побожните христијани му изградија на свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на светиот великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

Тропар

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносче великомачениче Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.

Кондак

Откако најдовме прибежиште во твојата брза и непобедлива заштита, Христов страдалнику, ние верните кои те воспеваме, молиме да се избавиме од вражјите соблазни, и од секакви несреќи и опасности, за да повикуваме: Радувај се, маченику Георгие! (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука