септември 5, 2024

Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Свети свештеномаченик Иринеј Лионски.

Во младоста му беше ученик на свети Поликарп, кој пак беше ученик на светиот Јован Богослов, кој го испрати на проповед во Галија.

По маченичката смрт на свети Потин, за епископ го поставија Иринеј. Во своите многубројни списи тој час ја изложува православната вера час, пак, ја брани од еретиците.

Пострада за Христа во времето на царот Север, во 202 година, со илјадници други христијани, поточно деветнаесет илјади.

Тропар

Како гранка накалемена на стеблото, сок животен од Небесата прими, коренот на учењето Христос Спасителот во низата Свои столбови те постави, а Духот Свет постојано те умудруваше, о Иринее свет епископе, богопротивните учења ги согори и нам чиста наука за спасение ни остави. Мачениче Христов, моли се Духот Кој тебе те водеше, и нам вдахновение да ни остави. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука