Охрид, 6. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Камион се запали на патниот правец Охрид-Ресен, јави порталот Скопје 1.
Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица, бидејќи возачот на време успеал да излезе од возилото. Возачи кои поминувале застанале да му укажат помош, но пожарот брзо се раширил.
Според истиот извор, неофицијално, пожарот избувнал додека возачот го управувал возилото.
До овој момент нема потврдени информации кои довеле до инцидентот. (Крај)
извор: Скопје 1 фото: Скопје 1
Прочитано: 159