Кандидатите за полицајци денеска ќе полагаат на охридските улици
јануари 3, 2025

Охрид, 3. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид ги известува учесниците во сообраќајот на подрачјето на Охрид дека, денеска од 11:00 часот, повеќе кандидати за полициски службеници, распоредени во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе имаат теренско полагање.

– Притоа, кандидатите за полициски службеници, на неколку сообраќајници во Охрид, под контрола на нивните ментори, ќе преземаат службени дејствија за контрола во патниот сообраќај по повеќе основи, согласно Законот за безбедност во патниот сообраќај, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука