Лос Анџелес, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Актерите од филмот кандидат во девет категории за “Оскар”, “Човек птица” беа наградени со големата награда на здружението на актерите на САД (Screen Actors Guild Award).
Филмот е на режисерот Алехандро Гонзалес Инхариту. Организацијата која ги доделува овие награди обединува 165 илјади луѓе вклучени во филмот и телевизијата и други претставници на филмската индустрија.
21-та церемонија за доделување на наградите беше вчера во изложбениот комплекс “Шраин” во Лос Анџелес.
Критичарите истакнуваат дека од оваа распределба на премиите може да се извлечат заклучоци и за резултатите на доделувањето на “Оскарите”.
Џулијан Мур победи во категоријата “Најдобар изведувач на главна женска улога” за улогата во филмот “Сеуште Алис”, а Еди Редмејн беше награден за најдобар изведувач на машка улога во “Теорија на сè”. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива