октомври 19, 2017

Охрид, 19. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Октомвриското сонце покрај за прошетки, некои го искористија и за капење во езерските води.

Месноста Сараиште и во средината на октомври привлечна за капење и на денешните 23. степени целзиусови температура во Охрид.

kapenje saraiste

Синоптичарите најавуваат стабилно, суво и топло време до недела. Од понеделник под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник кога ќе дува и засилен северен ветер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото. ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука