Струга, 2. март 2014 (ОХРИДПРЕС) – Малку поинаква забава со поразличен концепт од стандардните забави и свирки, ќе се случува во среда во клубот „Албум“ во Струга.
Забавата насловена „Случајна забава“ за посетителите ќе понуди музика, караоке, џубокс и шоу со зборови. Освен музичарот Маки Лазар, кој ќе свири на гитара и ќе исполнува музички желби на посетителите, во вид на „жив џубокс“, посетителите ќе можат да пеат на караоке.
Забавата во среда ќе биде со почеток во 22 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19