Хавана, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според мислењето на лидерот на кубанската револуција, Фидел Кастро, чекорите за затоплувањето на односите меѓу Куба и САД се “релевантни”.
Поранешниот кубански лидер, сепак, додаде дека не и верува на политиката на Американците.
Во соопштението на поранешниот лидер на земјата, се вели дека не комуницирал со САД по прашањето за затоплувањето на односите.
Осумдесет и осум годишниот Кастро сепак изјавува дека секогаш бил приврзаник на соработката и пријателството меѓу народите, вклучувајќи ги и непријателите на Куба.
Фидел Кастро се повлече од власта во 2006 година поради болест и го определи управувањето на земјата на својот помал брат Раул. Кога беше на чело на Куба сите преговори за затоплувањето на односите со Вашингтон пропаднаа. (Крај)
извор: ОхридПрес/EPA фото: архива