Скопје, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Државниот Катастар побара продолжување на рокот за доставување на елеборатите за легализација на дивоградбите.
Десет илјади вакви документи сѐ уште не се изготвени и поднесени од страна на геодетските друштва заклучно крајниот рок, 31-ви декември минатата година.
Од март 2011-та година кога започна процесот на легализација заклучно со 31-ви декември лани геодетските фирми примиле 240.000 барања за изготвување елаборати. Од нив 225.000 се изработени и се подигнати од странките.
Досега легализирани се 170 илјади бесправно изградени објекти. Во тек се отворените денови за комуникација со граѓаните. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24