Охрид, 1. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Припадниците од католичка вероисповед денес го празнуваат големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Денес Велигден го слават и сите христијански верници кои се раководат според Грегоријанскиот календар.
Христовата жртва е завет за генерациите кои ја продолжуваат пораката за соживот и слога, за разбирање и мир. Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни.
Христовото воскресение е темел на секоја човечка надеж и смисла на нашето постоење, бидејќи јасно ни говори дека овде на земјата, во оваа ограничено изнемоштено тело не сме сосема дома. Не очекува преобразба на телото и влез во царството на бесмртноста за кое Тој со своето Воскресение ни ја отвори вратата.
За припадниците на католичката вероисповед во Република Македонија, утре, 2-ри април е неработен ден.
Православните верници пак, Велигден оваа година ќе го чествуваат следната недела, на 8-ми април. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива