Лондон, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Маслото во утринското кафе го заменува шеќерот и може да замени дури целосен оброк, покажува истражување на британски експерти.
Овој тип на кофеински пијалок станува се попопуларен во САД и Велика Британија, каде се нуди во повеќе кафулиња, а рецептите за подготовка за дома ги преплавија интернет страниците.
Кофеиновата опсесија со масло може да звучи како нездрава бомба во чаша за кафе, но всушност маслото е многу подобра алтернатива од шеќерот и засладувачи. Според експертите, ваквото кафе со малку масло го изострува сетилот за вкус, согорува калории и ве тера да се чувствувате добро до пладне. (Крај)
извор: Дејли мејл фото: архива
Прочитано: 33