Струга/Виена, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот евровизиски претставник, стружанецот Даниел Кајмакоски, во рамките на предевровизиската турнеја, која секоја година е предвидена за најголемиот број на изведувачи, ќе посети неколку градови низ Европа.
Кајмакоски своите први предевровизиски настапи ќе ги има во Молдавија, Холандија, Британија и земјата домаќин Австрија. Соседните земји на Македонија, се’ уште не го поканиле Даниел да гостува во некои телевизиски шоу емисии.
Беше најавено дека Кајмакоски ќе пее во првото евровизиско полуфинале, а се очекува да биде определен и редниот број на изведувачите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30