август 5, 2019

Охрид, 5. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишниот В.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

– На 30-ти јули 2019 година, околу 23:15 часот, на стадионот „Билјанини извори“, од полициски службеник биле преземени службени дејствија легитимирање и преглед над пријавениот, при што кај истиот била пронајдена прашкаста материја. По ова, пријавениот физички го нападнал полицискиот службеник, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука